Над 50.000 гледачи во Хамбург го поздравија Вушковиќ кој се врати по пауза од 1.467 дена (ВИДЕО)

Пријателскиот натпревар меѓу Хамбургер и Хајдук Сплит го следат над 50.000 гледачи, а причина е враќањето на Марио Вушковиќ на терените по пауза од 1.467 дена.

Зад хрватскиот фудбалер се четири исклучително тешки години, во кои не можеше да настапува поради допинг-суспензијата. Неговиот случај започна по позитивен тест на забранетата супстанција ЕПО, а по жалбената постапка казната му беше зголемена на четири години.

Во целиот период Хамбургер застана зад својот играч и му даде поддршка да ја дочека можноста за враќање, а денеска го поздравија и фановите на гигантот.