Барселона доби нови 300 милиони евра за реконструкцијата на „Камп Ноу“

Барселона официјално обезбеди дополнителни 300 милиони евра за финализирање на реконструкцијата на легендарниот „Камп Ноу“.

Каталонскиот клуб ја комплетираше емисијата на обврзници, откако трансакцијата доби одобрение од шпанската Национална комисија за пазар на хартии од вредност.

Средствата се наменети за завршување на градежните работи на стадионот, чија реконструкција се соочи со сериозни доцнења и дополнителни трошоци.

Проектот првично беше планиран со помал буџет, но во текот на работите се појавија потреби за дополнително зајакнување на конструкцијата, проширување на ВИП-просторите и воведување нови технолошки решенија.