Венгер се откажа од трката за претседател на ФИФА!

Арсен Венгер нема да влезе во трката за претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА), каде што актуелен претседател е Џани Инфантино.

Поранешниот тренер на Арсенал, според најавите, се откажал од идејата да му биде противкандидат на Италијанецот затоа што смета дека има мали шанси да победи.

Дополнителна причина за неговото повлекување е и тоа што претседателската функција би го оддалечила од фудбалот на теренот, односно од работата со која најмногу сака да биде поврзан.