Димитријевиќ со уште една ѕверска партија го уништи европскиот шампион!
Димитријевиќ блескаше на паркетот и средбата ја заврши со одлични 19 поени, два скока и шест асистенции.
Ваквиот настап на Димитријевиќ може да ја радува и Македонија затоа што доаѓа во идеален момент за нас, пред дуелот со Кипар кој испрати и провокација (ТУКА) пред средбата.
Колку на навивачите им значи победата и ваквиот настап на Димитријевиќ покажа и сцената кога на 40-тина секунди пред крајот беше заменет, а арената во Солун го поздрави со силни аплаузи.
Кога е натпреварот во прашање, европскиот шампион денеска беше немоќен во најголем дел од мечот, Арис беше подобар речиси во целиот меч и на крајот заслужено ја однесе победа.
Покрај Димитријевиќ одличен во составот на Арис беше Американецот Морган кој постигна два поени повеќе од нашиот репрезентативец, додека за Олимпијакос не беа доволни 29 поени на Фурниер.