Ивановски со два гола му помогна на Рованиеми да освои бод

Филип Ивановски продолжи да бележи одлични настапи во финскиот шампионат, каде денеска постигна два гола на мечот против Интер Турку.

Ивановски беше одличен, во два наврати ја затресе противничката мрежа, но и покрај тоа Рованиеми не успеа да слави победа, напротив, освои бод со гол во финишот.

Македонскиот интернационалец погоди во 13-та и 18-та минута за 2-0, со што вкупно стигна до четвртиот гол сезонава, но потоа домаќинот направи пресврт во вториот дел, па Лингман со гол во 93-та минута изедначи на 3-3.

По 11 одиграни натпревар, тимот на Ивановски е второпласиран со 21 освоен бод и има четири помалку од лидерот Хелсинки.