„Гаштаров е уникат како Деклан Рајс и Фабињо – има сè што треба да стане македонска икона“
Порталот има исклучително позитивна оценка за потенцијалот на младиот македонски репрезентативец кој токму денес го слави 20-тиот роденден, опишувајќи го како еден од најдобрите фудбалери кои во моментов настапуваат во српската Суперлига.
Во анализата тие го опишуваат Гаштаров како фудбалер со уникатен профил и голем потенцијал, кој еден ден би можел да стане вистинска македонска фудбалска икона. За Гаштаров според анализиата најдобро одговара формацијата 4-3-3, а неговиот стил на игра го споредуваат со Бразилецот Фабињо и Деклан Рајс од Арсенал.
Како најголеми квалитети на Гаштаров се истакнува одличната визија и пас игра, техниката за чувство и простор храброста, работната етика, физичките предиспозиции и добрата подвижност.

Скаутите сметаат дека може да игра како класичен дефанзивен играч за врска, но и во поофанзивна улога со изразени карактеристики на „бокс-ту-бокс“ фудбалер.
Каде што има простор за напредок тие ја посочуваат физичката сила, агресивноста и подобрата скок игра во воздушните дуели. Се наведува и дека треба да го подобри предвидувањето на противничките потези и времето на реакција во одбранбените задачи.
Комплетната оценка која му се доделува на македонскиот репрезентативец е 8.5 од 10.