Згодната Дуа Липа ги откачи шеиците за СП во Катар
Пејачката, која пред неколку години се поврзуваше со афера со Марко Асенсио, ги откачи шеиците за Мундијалот и кажа дека за Англија ќе навива од нејзиниот дом.
„Во моментов има многу шпекулации дека ќе настапам на отворањето на Мундијалот. Јас никогаш не сум била вклучена во преговори за тоа. Ќе навивам за Англија од дома, а Катар ќе го посетам кога ќе ги исполни сите обврски за човековите права“, вели пејачката.
Мундијалот во Катар почнува на 20 ноември од 17 часот со дуел меѓу домаќинот и репрезентацијата на Еквадор.