Дуа Липа демантира: Јас не го ни познавам Асенсио! (ФОТО)

Една од најголемите музички ѕвезди во светот, во моментов, Дуа Липа, се најде како привлечна тема во фудбалскиот свет деновиве по финалето во Лигата на шампионите. Излезе вест дека поминала ноќ со Марко Асенсио, но побрза да ја демантира.

Дуа Липа го искористи Твитер за да му објасни на светот дека гласините за нејзината афера со Марко Асенсио се измислени.

„Никогаш не сум го запознала Асенсио и многу малку е веројатно дека ќе го запознаам бидејќи мојот менаџер, кој е навивач на Ливерпул никогаш нема да ми прости“, напиша мегаѕвездата на Твитер.

Турскиот Си-Ен-Ен вчера објави дека двајцата биле забележани утрото по финалето во Лигата на шампионите, во саботата, како излегуваат од ист хотел, насмеани. Асенсио одигра една минута во финалето, влезе како замена за Карим Бензема на крајот. Ако навистина ја ќарил Дуа Липа, откако го крена и пехарот во ЛШ, тешко дека имал подобра ноќ во животот од таа.