Наполи требало да добие засилување од Борусија, трансферот пропаднал во последен момент

Спортскиот директор на Наполи, Џовани Мана откри дека постигнале договор со Борусија Дортмунд за трансфер со Карим Адејеми, но трансферот на крајот не се реализирал.

Изгледаше дека работата со Адејеми е завршена, а имало и договор помеѓу клубовите, но на крајот ништо не се случи.

Причината како што открива Мана е што фудбалерот имал договор со друг клуб.

Можам да потврдам дека имавме договор Борусија Дортмунд за Адејеми. Јас се сретнав со Карим во Германија, но договорот пропадна затоа што тој не сакаше да дојде кај нас. Прочитав дека тој веќе се договорил со друг клуб за јули.. нека му е со среќа“, изјави Мана.

Aдејеми на крајот и по завршувањето на преодниот рок остана фудбалер на „милионерите“.