Роналдо: Спортинг е мојот тим, но таму нема да се вратам

Кристијано Роналдо вели дека е фан на Спортинг Лисабон, кога може го гледа, но ја отфрли можноста таму да ја заврши кариерата.

Кристијано Роналдо нема намера да се врати во Португалија и уште еднаш да го облече дресот на Спортинг.

„Ги гледам натпреварите на Спортинг, тоа е мојот тим, но не планирам да се вратам и да играм таму“, вели Кристијано Роналдо.

„Мислам дека тоа нема смисла. Се разбира, моја земја е Португалија, но се има свое време и граница“.