Ван Дајк и Салах ги продолжиле договорите, Ливерпул не објавува поради една причина

Двете ѕвезди во тимот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк и Мохамед Салах неодамна ги продолжиле договорите со клубот на уште една сезона, но „црвените“ уште не го објавиле тоа официјално.

Причината поради која е донесена ваква одлука е нивниот соиграч Трент Александер Арнолд. Бекот исто така ја игра последната сезона од договорот, но тој се уште не ја обновил соработката  и Ливерпул не сака да му прави притисок во финишот од сезоната кога тимот има многу важни натпревари во домашното првенство и во Лигата на шампионите.

Познато е дека интерес за Александер Арнолд покажа Реал Мадрид, шпанските медиуми тврдеа дека двете страни имаат и преддоговор, но во Ливерпул се надеваат дека ќе дојде до пресврт и англискиот репрезентативец ќе остане на Енфилд.