„Замрзнав толку многу семе, што можам да создадам цел фудбалски тим“

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо деноввие е во центар на внимание поради интересното интервју за „Фајненшнл Тајмс“.

Роналдо зборуваше за тремата пред финалето на Светското првенство во Јапонија и Јужна Кореја, поради стравот да не му се повтори епилептичниот напад, кој го доживеа пред финалето со Франција во 1998 година.

„Во финалето во Јокохама по вечерата сите заминаа на спиење, а јас помислив: Не можам да спијам. Барав луѓе со кои би можел да разговарам и го најдов Дида. Не спиев воопшто тој ден поради страв да не ми се повтори нападот“, вели Роналдо.

Роналдо во текот на кариерата се најде и во неколку секс-скандали, па мораше да прави тестови, на кои беше докажано дека е татко на едно дете, кое на свет го донела келнерка, која работела во Токио во 2002 година.

„Направив вазектомија, но успеав да замрзнам доволно сперма за да создадам фудбалски тим, доколку тоа го сака мојот партнер“, порача Бразилецот.