Младост Богданци се врати во ракометната Суперлига

Екипата на Младост од Богданци е победник на бараж натпреварот за пласман во Супер машката лига и со тоа обезбеди место меѓу најдобрите екипи во македонскиот машки ракомет за натпреварувачката сезона 2026/27. 

Во бараж дуелот, Младост беше подобар од Струга со 25-22 и го заслужи учеството во најсилната ракометна дивизија.

Струга се сели во понизок ранг заедно со Радовиш кој го освои последното место во Суперлигата.