Почина најдобриот кошаркарски коментатор на Балканот - најпознат по тројката од паркинг!
Авдиќ е роден на 19 јуни 1979 година во Сараево и важеше за еден од најпрепознатливите спортски новинари, коментатори и колумнисти во регионот. Најголема популарност стекна со преносите на кошаркарски натпревари и своето детално познавање на НБА лигата и европската кошарка.
Во последните години, заедно со колегата Милош Јовановиќ, го водеше популарниот поткаст „Удвојување“, како и авторската емисија „X&O's chat“ на телевизијата Уна.
Последната емисија ја имаше неодамна и тоа со познатиот БиХ кошаркар, Јусуф Нуркиќ. Исто така ќе се памети и неговиот коментар на тројката на Мирза Телетовиќ од 2013 година.
Засега не е позната причината за смртта, но неговото заминување претставува голема загуба за спортското новинарство во БиХ, но и на Балканот, особено меѓу љубителите на кошарката.