Прво признание на Флорентино Перез: Мурињо ќе биде тренер на Реал
Додека противкандидатот Енрике Рикелме има телевизиско интервју и се очекува да го обелодени името на своето прво засилување ако стане претседател, Перез објави фотографија со португалскиот стручњак.
На него е претставен Жозе Мурињо кој носи дрес на Реал Мадрид и испраќа кратка, но симболична порака: „Да“.
Ова би го означило враќањето на Мурињо во Реал Мадрид, каде што беше менаџер помеѓу 2010 и 2013 година со не многу голем успех. Освои три трофеи, по еден во првенството, Купот и Суперкупот на Шпанија, но сепак остана во длабока сенка на Барселона која во истиот период освои дури осум трофеи, вклучувајќи два во Ла Лига и еден во Лигата на шампионите.