Победнички ден за Вардар: Куп-трофеј слават и помладите пионери - го прегазија Пелистер! (ВИДЕО)

Oткако денеска претходно пионерите на Вардар го освоија Купот на Македонија со победа над Македонија Ѓорче Петров, нешто подоцна истиот успех го повторија и помладите пионери кои беа уште поубедливи и го добија Пелистер со 4-0.

Надежите на „црвено-црните“ одиграа одлично финале и на крајот заслужено се израдуваа на трофејот, херој беше Огнен Јаков кој натпреварот го заврши со хет-трик.

Резултатот го отвори по 20-тин минути игра, а само десет минути подоцна го постигна и својот втор гол на натпреварот. Се играше 36-тата минута кога Вардар доби и пенал, меѓутоа Јован Пашовски не успеа да го совлада голманот Огнен Божиновски.

Сепак, Вардар во вториот дел со сигурна игра ја потврди победата, Никола Јанкулоски се погрижи за 3-0, а конечниот резултат го постави Јанкулов со неговиот трет гол.

Вардар утре го чека и нов предизвик бидејќи за пехарот ќе се борат и кадетите кои ќе играат исто така против Пелистер од 10:00 часот, а за од 16:30 часот е закажано младинското финале помеѓу Брера и Шкупи.