Детонирана е бомбата: Со Рикелме, во Реал доаѓа и Халанд!

Сензационалните најави од двајцата кандидати за претседател на Реал кулминираа вечерва со пораката на Енрике Рикелме.

Иако сите мислеа дека неговата бомба во случај на победа ќе биде Родри, неколку минути подоцна следуваше она вистинското. Тој најави дека на „Бернабе“ ќе дојде Ерлинг Халанд ако ја добие довербата од членовите на клубот на претстојните избори кои ќе се одржат на 7 јуни.

Тој дури извади и дрес на Реал со бројот 9 и презимето на норвешкиот репрезентативец. Нејасно е дали во таков случај на Бернабе ќе остане и Килијан Мбапе, но во секој случај „деветката“ во Реал во овој момент е слободна.