Фудбалерките во Охрид ги почнаа подготовките за дуелите со Андора и Азербејџан

Женската фудбалска репрезентација на Македонија денеска во Охрид ги почна подготовките за квалификациите за Светскот опрвенство.

Селекторот Александар Андов за натпреварите против Андора и Азербејџан повика 19 фудбалерки.

Натпреварот против Андора ќе го играме на 5 јуни во Ла Вела од 19:30 часот, додека четири дена подоцна во Битола од терминот во 19:00 часот ќе бидеме домаќини на Азербејџан.

Македонија на табелата во групата по четири натпревари има само една победа против Андора, двапати загубивме од Унгарија, еднаш од Азербејџан.

ГОЛМАНКИ

Евгенија Вељановска (ЖФК Скопје)

Викторија Панчурува (ЖФК Тиверија-Брера

ОДБРАНА

Слаѓана Ѓоргиева (ЖФК Тиверија-Брера)

Данче Карпузовска (ЖФК Тиверија-Брера)

Павлинка Николовска (ЖФК Тиверија-Брера)

Канита Емини (ЖФК Истатов)

Настасија Накова (ЖФК Љуботен)

Катерина Петкова (ЖФК Спартак Суботица)

Ана Марија Цветковска (WFC Langhus)

Лора Сулејмани (RC Saint Denis – Франција

СРЕДЕН РЕД

Теона Галабовска (ЖФК Тиверија-Брера)

Калина Попески (ЖФК Црвена Звезда)

Ева Величковска (ЖФК Љуботен)

Мелани Цветковиќ (ЖФК Цирих)

Михаела Додевска (ЖФК Скопје 2014)

Андреа Коловска (ЖФК Истастов)

НАПАД

Јована Павловска (ЖФК Ас Јунајтед)

Меланија Грозданова (ЖФК Љуботен)

Илза Максути (ЖФК Љуботен)