Ролан Гарос остана и без шестиот светски тенисер, Италија слави (ВИДЕО)
Коболи кој е14. носител на турнирот, го совлада шестиот тенисер во светот по пресврт со 3-1 во сетови (4-6, 6-4, 6-4, 6-4).
Италијанецот славеше по речиси три и пол часа игра и со тоа обезбеди италијанско полуфинале, бидејќи во следната рунда ќе игра против еден од сонародниците, Матео Беретини или Матео Арналди.
Мечот против Оже-Алијасим го отвори со брејк, но веднаш потоа го загуби својот сервис. Канаѓанецот клучниот брејк го направи во 10. гем.
Sensational Flavio 👏#RolandGarros pic.twitter.com/EZIfb7rWw4
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 3, 2026
Ветерот создаваше големи проблеми, Коболи меѓу сетовите зема кратка пауза, а по враќањето на теренот повторно имаше потешкотии. Го загуби сервисот и во вториот сет, но потоа следеше целосен пресврт, направи серија од 5-1 и го израмни резултатот.
И во третиот сет беше драматично, Коболи спаси дури седум брејк топки, а сервисот на Оже-Алијасим го скрши во седмиот гем. Во четвртиот сет беше многу посигурен, направи брејк во петтиот гем и без проблеми го приведе мечот до крај.
Ова е негов најдобар резултат во кариерата на грен-слем турнир и од понеделник ќе влезе во топ 10, доколку Јакуб Меншик не ја освои титулата.
Фото: ROLAND-GARROS/FB