Ракометарките на Ѓорче Петров 2 славеа над Пелистер за место во Суперлигата
Победникот ракометарките од Ѓорче го најавија уште во првото полувреме кога константно ја зголемуваа предноста и на пауза заминаа со 15-9.
Пелистер во второто полувреме немаше сили да се врати и прволигашот сигурно ја одржуваше предноста до крајот на мечот.
Ристовска, Наумовска и Аврамовска постигнаа по четири гола, додека кај Пелистер Тодоровска се истакна со шест гола.