Ужасна сцена: Навивачи со огномет погодија фудбалер во меѓуножјето (ВИДЕО)

На фудбалскиот меч во Јужна Америка, кој се одигра минатата недела меѓу Стронгест и Блумин, беше забележана ужасна сцена кога од трибините беа пуштени огномети.

Навивач со огномет го погоди фудбалерот Хуан Годој во меѓуножјето, по што тој итно беше префрлен во болница.

Годој имал изгореници по телото од прв степен, по што бил задржан во болница, а клубот планира да ги казни навивачите.

Полицијата во меѓувреме уапси три лица поради инцидентот, додека управата на Стронгест најави и дополнителни санкции.