Ултрас на ПСЖ запали турско знаме, па Турците го соблекоа гол сред Париз (ФОТО+ВИДЕО)

Средбата од шестото коло во Лигата на шампиони меѓу ПСЖ и Галатасарај ја одбележаа инциденти меѓу навивачите на улиците на Париз.

Немирите почнаа околу 18 часот, а на улиците во Париз летаа столчиња, кои навивачите ги искористија како оружје.

Во пресметката учествуваа околу 100 хулигани, а „Ле Паризиен“ известува дека едно лице добило повреди на главата.

На интернет се појавија и фотографија и видео со навивач на ПСЖ, кој бил соблечен до гола кожа од навивачите на Галатасарај откако го запалил турското знаме.