ФИФА под жесток напад поради контроверзниот пенал на Швајцарија (ВИДЕО)

Швајцарија води со 1-0 против Катар од 17. минута со голот на Емболо, но досудениот пенал ги „запали“ социјалните мрежи.

Пеналот беше досуден по прекршокот од голманот Махмуд Абунада врз Фројлер, по што ВАР ја проверуваше ситуацијата.

Сепак, по проверката беше потврден пеналот, а навивачите се збунети зошто ФИФА не објави снимка од автоматизираниот систем за одредување офсајд за да потврди дека Фројлер не бил во недозволена позиција.