Италија добива нов селектор - се враќа познат тренер (ФОТО)

Италијанската фудбалска репрезентација наскоро треба да добие нов селектор, а по сè изгледа дека тоа ќе биде Роберто Манчини, кој претходно ги предводеше „аѕурите“ од 2018 до 2023 година.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Манчини го напуштил кормилото на Ал Сад по освоената титула во Катар и веќе ги прифатил условите за да стане селектор на Италија.

„Аѕурите“ наскоро треба да го промовираат новиот селектор, кој треба да ја врати старата слава на репрезентацијата.

Фото: Facebook/Nazionale Italiana di Calcio