Лудница во Пиреја: Олимпијакос ја одбрани титулата, Тајрик Џонс го нокаутира Нан (ВИДЕО)
Тајрик Џонс и Кендрик Нан не го дочекаа крајот бидејќи беа исклучени во третата четвртина, а кошаркарот на Олимпијакос одлучи да ги земе работите во свои раце и сам да се пресмета со противничкиот играч. Одејќи кон соблекувалната, тој го нападна Нан со боксови и да не беше обезбедувањето и полицијата, којзнае како ќе завршеше таа пресметка.
Џонс е познат по својот проблематичен карактер бидејќи проблеми правеше и во Партизан од каде беше ослободен кон крајот на минатата година.