Шок за Швајцарија во 94. минута: Катар освои голем бод! (ВИДЕО)

Репрезентативците на Катар и Швајцарија одиграа нерешено (1-1) во првото коло од групата Б на Светското првенство (СП).

По заканите во воведниот дел од Катар, Швајцарија поведе со голот на Емболо во 17. минута од пенал, кој предизвика контроверзи и бурни реакции на социјалните мрежи.

Швајцарија продолжи да доминира во продолжение од средбата и создаде голем број шанси, меѓутоа не ги реализира, а казната пристигна во 94. минута кога Буалем Куки со глава го матира противничкот голман за конечни 1-1.

По комплетирање на првото коло во групата Б, сите репрезентации имаат по еден освоен бод, а тоа се Швајцарија, Босна и Херцеговина, Канада и Катар.

Фото: Facebook/Swiss Nati Men