Познати составите на Бразил и Мароко: Нејмар го пропушта првиот меч (ФОТО)

На полноќ ќе се соочат Бразил и Мароко во рамки на групата Ц на Светското првенство (СП), а селекторите на двете екипи ги избраа стартните состави.

Карло Анчелоти со неговите избраници ќе тргне како еден од главните фаворити на СП, додека Мароко сака да оствари добар резултат.

Бразил ќе настапи со Алисон, Ибанез, Маркињос, Габриел, Даглас Сантос, Касемиро, Бруно Гимараеш, Лукас Пакета, Рафиња, Игор Тиаго и Винисиус Жуниор.

Мароко ќе излезе на терен со Боно, Хакими, Мазрауи, Буади, Ел Канус, Диаз, Саибари, Иса Диоп, Риад, Оунахи, Ел Ајнауи.

Натпреварот меѓу Бразил и Мароко ќе почне на полноќ.

Фото: Facebook/Rafael Ribeiro/CBF