ФИФА натера уште една репрезентација да го промени дресот!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) испрати ново барање до Египет да го промени дресот за настап на Светското првенство (СП).

Египет на Мундијалот ќе настапи без седум ѕвезди кои ги симболизираа нивните седум титули на Африканскиот куп на нации.

„Фараоните“ потврдија дека добиле потсетување од ФИФА за промена на овој детал на дресовите со кои треба да аиграат на СП 2026.

Освен ѕвездите, Египет на барање на ФИФА мораше да ја промени и бојата на броевите на дресовите.

„ФИФА бараше од нас да ги промениме броевите на дресовите од златна во бела боја“, соопштија од Египет.

Фото: Facebook/Egypt National Team