Aнчелоти по ремито со Мароко откри што го загрижува
Предводникот на Бразил, Карло Анчелоти, беше искрен и призна дека не е задоволен од она што го прикажала неговата селекција.
„Мислам дека не го отворивме натпреварот на начин на кој што посакувавме и тоа малку ме загрижува. Загубивме многу дуели и посед на топката, но во второто полувреме се подобривме во еден навистина тежок натпревар, бидејќи Мароко е квалитетна репрезентација“, изјави Анчелоти.
Италијанскиот стратег посочи дека неговиот тим имал сериозни проблеми во првиот дел од средбата.
„Во првото полувреме имавме потешкотии да излеземе од нивниот притисок и требаше да имаме поголема контрола врз играта. Дали сум задоволен? Не баш. Очекував подобар старт, но вакви работи се случуваат. Сега целосно сум фокусиран на следниот натпревар“, додаде селекторот на Бразил.