Коментаторот не можеше да ги сокрие емоциите: Исплачете се, нашите Никси пак се прваци (ВИДЕО)

Кога Виктор Вембанјама ја промаши тројката во последниот напад на Сан Антонио спарс и резултатот остана 94-90 за Њујорк Никс, започна големото славје на играчите, стручниот штаб и навивачите на легендарниот клуб.

Никс ја освоија шампионската титула во НБА лигата за првпат по 1973 година, ставајќи крај на едно од најдолгите чекања во историјата на американскиот спорт. Во моментот кога Оу-Џи Ануноби ја обезбеди топката по промашеното слободно фрлање на Спарс, на теренот почна ерупција од емоции. Главната ѕвезда на Никс, Џејлен Брансон, дури го покри лицето со пешкир за да добие барем малку приватност среде огромната прослава.

Еуфоријата дополнително ја подигна и телевизискиот коментатор со својата емотивна реакција.

„Готово е, готово е! Навивачи на Никс, ова не е сон. Вашето долго, долго чекање заврши. Одете, исплачете се, Никси конечно по 53 години повторно се шампиони на НБА лигата“, извика коментаторот по последниот звук на сирената.

По историскиот успех, кошаркарите на Никс ги очекува враќање во Њујорк, шампионска парада низ градот и голема прослава со навивачите кои повеќе од половина век чекаа нов шампионски прстен.