Тука е крајот на претстојот во Париз: Навивачите на ПСЖ брутално го навредуваа Нејмар

ПСЖ ја отворија сезоната со победа на домашен терен против Ним со 3-0, а навивачите ја искористија шансата за да го навредуваат Нејмар, кој долго време се поврзува со заминување од Париз.

Навивачите се забавуваа на сметка на Нејмар, кој не беше во составот. Тие го искористија неговото име во една позната мелодија, а имаше и многу транспаренти со погрни пораки до Бразилецот.