„Тајсон пуши тон марихуана за еден месец“

Поранешниот најдобар боксер на светот, Мајк Тајсон во изминатиов период е бизнисмен откако купи ранч во Калифорнија и почна да одгледува секакви врсти на марихуана, па бизнисот во сојузната држава во САД му цвета, зашто оваа лесна дрога е легална.

Тајсон во својот бизнис има и партнер во бившиот играч во американски фудбал (НФЛ), Ебен Бритон, а славниот боксер, кој своевремено лежеше и во затвор поради силување, објави дека има одлична марихуана, која се продава како алва.

Но, Бритон во гостување на една телевизија објави дека тајсон за еден месец успева да испуши марихуана во вредност од 40.000 долари. Точно не знае колку чини и колку е тоа во килограми, ама потврди дека заедно со „челичниот Мајк“ постојано го „испитуваат“ квалитетот на својот производ.

„Не знам колку точно, ама сигурно пуши – тон марихуана месечно“, вели Бритон.

Инаку Бритон, кој беше играч на Џексонвил и Чикаго уште во играчките денови се бореше да се дозволи легална употреба на марихуана во НФЛ, објавувајќи дека оваа лесна дрога е помалку опасна и штетна за играчите, во однос на лековите против болки.