Стивен Хокинг имаше формула за тоа како Англија да стане светски првак во фудбал!

Светот се прости од Стивен Хокинг, еден од најголемите умови на денешницата и човек кој придонел многу во физиката. Сепак, тој не беше само физичар, туку вљубеник во секоја наука. Затоа така си го сфати и фудбалот, па пронајде формула како неговата Англија да стигне до титулата на СП во фудбал.

На еден месец пред почетокот на Светското првенство во Бразил, Хокинг дојде до формула, која ја пресмета веројатноста за освојување титула на еден Мундијал. За разлика од многу честите совети кон фудбалерите, тој смета дека тотално неважно е присуството на нивните сопруги или девојки, туку шансите за освојување зависат од голем број психолошки, физички, политички и тактички варијабли.

„Ова е страшно комплицирано. Всушност, во споредба со фудбалот, мислам дека квантната физика е едноставна“, изјави тогаш Хокинг.

Според него, Англија ќе имаше повеќе шанси за победа, ако играше во формација 4-3-3, наспроти 4-4-2 и тоа во црвени дресови. Важно е да игра под 500 метри надморска височина, а за 63 отсто шансите би се зголемиле ако судијата е Европјанин.

„Англичаните се како животни, суштества од навика. Натпреварите блиску до нивната татковина ги го смалуваат негативното влијание, бидејќи тогаш се помали културолошките разлики. Подобри сме во умерена клима и кога средбата почнува поблиску до три часот по англиско време“, објаснуваше Хокинг.

Тој, исто така, тврдеше дека, ако фудбалерот шутира пенал во горниот лев или десен агол има 84 проценти шанси да постигне гол. Ударот треба да го изведе силно и со полна нога. Додаде и дека не е важно дали е левак или деснак, но дека русокосите и ќелавите играчи полесно доаѓаат до погодок.