Српска тенисерка фатена со 8,5 килограми марихуана!

Српските медиуми пишуваат дека тинејџерката Јелена М. (19), која е поранешна тениска шампионка на Србија во конкуренција до 14 години, била фатена со 8,5 килограми марихуана.

Полицајци пред два дена го запреле нејзиното возило „смарт“ во кое ја откриле дрогата, по што Јелена заврши во притвор.

Во автомобилот на девојката, која работи и како тениски тренери, биле пронајдени неколку тениски рекети, како и црна спортска торба со 20 пакетчиња марихуана со тежина од 8,5 килгорами.