Скандал: Мекгрегор претепал италијански пејач во Рим!

Италијанските медиуми објавија дека ирската УФЦ-ѕвезда Конор Мекгрегор го претепал италијанскиот пејач Франческо Фачинети.

Италијанецот соопшти дека тој и неговата сопруга биле во друштво на Мекгрегор повеќе од два часа, по што се случил скандалот.

„Нападнат сум од страна на Мекгрегор. Ми ја повреди устата и ми го скрши носот пред 10 луѓе. Ме нападна без причина“, вели тој.