Секоја чест: Навивач патувал 800 км за да го поддржи омилениот клуб! (ФОТО)

Кордоба во рамки на 35. коло од шпанската Сегунда на гостувањето кај Реал Овиедо ремизираше со 3-3 и така си ги намали шансите за опстанок во лигата, но во центар на внимание е еден нивни верен навивач.

На гостувањето во Овиедо, Кордоба имала само еден навивач на трибините, кој патувал дури 800 километри за да го гледа својот тим, кој најверојатно од наредната сезона ќе го гледаме во третата шпанска лига.

Станува збор за Хавиер Хименез, на кого клубот преку социјалите мрежи му се заблагодари.

„Лесно е да се навива кога работите одат во добар правец“, им порача Хименез на другите навивачи.