Роналдо се ожени – по четврти пат!

Бразилската легенда Луис Назарио да Лима – Роналдо, некогашниот најдобар светски фудбалер се ожени по – четврти пат.

Бразилецот, кој зад себе има бракови со Милене Домингеш, Даниеле Чикарели и Марија Беатриз Антони, сега стапи во брак со сонародничката Селина, екс-манекенка, која сега е успешна бизнис жена, а свадбената церемонија се одржа во тесен круг на семејството и најблиските пријатели на Ибица.

Роналдо има три деца, син од бракот со Домингеш и две ќерки од бракот со Марија Беатриз, но и еден вонбрачен син со келнерката Мишел Умезу, кој го призна во 2010 година.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by C E L i N A (@celinalocks)