Поминаа 5.000 километри за да навиваат за Сити, а видоа само меч од – шеста лига!

Навивачи на англиски Манчестер сити од САД поминаа 5.000 километри и потрошија преку 3.000 фунти за да дојдат на „Итихад“ и да го гледаат својот миленик, ама наместо тоа гледаа меч од шестата англиска лига.

Манчестер сити викендов требаше да биде домаќин на Вест Хем, но ураганот Кјара поради лошото време го одложи мечот и Мет Ренингер со сопругата Миси останаа со прстот во уста. Немаа шанса да го гледаат олимелниот клуб и како утеха добија шанса да видат фудбалски меч во Англија од – шеста лига. Го гледале малиот Алтринхам.

Тие решиле цела недела да поминат во Манчестер, неколку дена пред мечот ги посетиле клупските простории, се сликале во соблекувалните на стадионот, ама на лице место да го видат тимот на Пеп Гвардиола не успеаа. Дури Мет и се расплакал што толку пат поминал за на крај да не го види Серхио Агуеро.

„Сепак, на рајот убаво си поминавме, иако жал ми е што не успеавме да изгледаме еден меч. Ќе се вратиме повторно за да гледаме меч на Сити, веројатно овој пат не ни било судено. Ако, нешто ни е за утеха, на сопругата баш и се допаднаа песните на навивачите на Алтринхам“, вели Мет.

Тој почнал да навива за Манчестер сити од инает. Го бирал овој клуб постојано на популарната игра ФИФА, зашто сите негови пријатели играле со Манчестер јунајтед.