Украл дрес на Рома, па во полиција се правдал дека полудел поради – Мурињо!

Еден навивач на Рома бил фатен по кражба во клупска продавница во Рим, а потоа 29-годишниот маж имал неверојатен одговор на прашањето зошто направил таков криминал.

Во Рим сезонава владее голема еуфорија затоа што клубот на Жозе Мурињо ќе се бори за трофеј во Конференциската лига, а навивачот кажал дека го украл дресот поради Португалецот.

„Мурињо и Рома ме збудалеа, во финале сме на Конференциска лига, не можев да одолеам“, кажал 29-годишниот навивач.

Во извештајот на полицијата е запишано дека работниците ја пријавиле кражбата, а дресот е вратен.