Облините на Георгина ги занемеа сите во Кан (ФОТО)

Девојката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез блескаше на црвениот тепих на Кан. Таму сега се одржува 72. Филмски фестивал во овој град на Азурната обала.

Георгина беше облечена во елегантен и секси фустан, со длабоко деколте, во кој посебно го истакна задникот. По убавата половина на Португалецот беше на промоцијата на филмот „Беше еднаш во Холивуд“, кој го режисираше познатиот режисер Квентин Татантино, а нејзината појава ги засени и многу бројните холивудски ѕвезди.