Навивачи на ПСЖ со оружје тргнале на меч во ЛШ за жени!?

Англиските медиуми пишуваат дека група навивачи на ПСЖ неодамна не добиле дозвола да влезат на стадионот и да го гледаат мечот на својот женски тим против Челси во рамки на Лигата на шампиони (ЛШ) за жени.

Според зборовите на „Си-Ен-Ен“ полицијата привела француски навивачи, зашто кај нив пронашла ножеви со кои тргнале на стадионот.

Во извештајот на полицијата пишува дека навивачите на ПСЖ на две места во Лондон направиле хаос. Меѓутоа, од ПСЖ тврдат поинаку. Тие сметаат дека домаќинот не сакал навивачите да му помогнат на својот тим.

„Како тогаш мирно ја напуштија Англија, ако кај нив била пронајдена дрога и оружје“, прашуваат од ПСЖ.