Напаѓачот прво се скарал со навивачите на Ливерпул, па почнал да ги гази (ВИДЕО)

Шокантни сцени беа забележани вчера на прославата на шампионската титула на Ливерпул, кога маж со неговиот автомобил почна да ги гази навивачите по улица.

На социјалните мрежи беше објавена снимка на која се гледа напната атмосфера и вербална караница меѓу напаѓачот и навивачите, по што следи ескалација и хоророт кој се случи во Ливерпул.

Полицијата објави дека е приведен возачот на возилото, но засега нема официјална бројка на повредени и жртви.