Наместо во „Јане Сандански“, голем број Комити во полициска станица!

Вардаровата навивачка група Комити иако најави, сепак не беше во голем број присутна на мечот со Загреб во Лигата на шампионите.

Причината за ова, како што дознаваме е револтот кај црвено-црните фанатици поради тоа што полицијата уапсила многу нивни членови за време и по мечот со Шкупи од Првата лига.

Да потсетиме, иако беше забрането присуство на гостински навивачи, фановите на Шкупи некако дојдоа до Арената, што испровоцира брз одговор од Комити. Полицијата во обид да ја расчисти целата ситуација, привела дел од вардаровите навивачи.

Апсење имало и пред мечот, но не се знае причината поради која дел од Комитите, наместо накај стадионот, заминаа во полициска станица.

Поради ваквите случувања, речиси празен беше делот од салата „Јане Сандански“, кој што е резервиран за најжестоките црвени-црни поддржувачи. На трибината која собира околу 500 навивачи, имаше само педесетина.