Инцидент: Шверцери дојдоа до Арената, добија жесток одговор од Комити!

Половина час откако Вардар и Шкупи го започнаа градското дерби, а на празната Арена одекнуваше вардарова песна од 200 Комити, одеднаш најверните навивачи на црвено-црните експресно излетаа од западната трибина. Причина, во близина на Арената се прошверцувале навивачи на чаирскиот ривал, популарните Шверцери.

Група на навивачи од Чаир се приближила до најголемиот стадион, иако од Вардар уште во петокот објавија дека за гостински навивачи е забранет пристапот до стадионот. Сето тоа ги испровоцира Комити експресно да реагираат и да го напуштат својот сектор.

Околу 20 припадници на полицијата исто така експресно реагираа, па ситуацијата по две-три минуити се смири, но вардаровите навивачи не се вратија на трибината за да продолжат со поддршката на своите миленици.

Дербијата на Вардар и Шкупи инавивачките пресметки имаат долг историјат, а двете групи се закрвени одамна.