Мечот меѓу Сасуоло и Интер беше прекинат за момент: Падобранец слета на теренот! (ВИДЕО)

Екипата на Интер го победи Сасуоло со 4-3 во одличниот натпревар од 9. коло во Серија А, а стрелци за „нероазурите“ беа Лаутаро Мартинез и Ромелу Лукаку, кои постигнаа по два гола.

Покрај драматичната завршница, натпреварот беше обележан со невиден инцидент пред крајот на првото полувреме пред Ромелу Лукаку да изведе пенал за водство на Интер од 3-1. Додека двата тима се подготвуваа за пенал, падобранец одеднаш се спушти на тревникот поради што дојде до општо задоволство кај публиката.

Непознатиот човек случајно се приземјил на стадионот „Мапеи“ во Реџо Емилија и малку се изненадил кога видел дека нема никој од чуварите. Но, тие наскоро дојдоа и го отстранија човекот од тревникот.

Лукаку погоди од пенал и со тоа го зголеми водството, а Лаутаро Мартинез погоди за 4-1 во 71 минута. Домаќините го намалија резултатот на 4-3, но не успеаја да дојдат до бод од овој натпревар.  

Со оваа победа Интер го задржа чекорот со водечкиот Јувентус, и засега е на еден бод од лидерот на табелата во Серија А.