Мајката на Нејмар го „шутна“ младиот љубовник!

Надине Гончалвес, мајката на ѕвездата на ПСЖ, Нејмар се раздели со младиот љубовник Тиаго Рамос.

Мајката на Нејмар и 23-годишниот Тиаго беа во врска неколку месеци, но сепак се скарале по несреќата во станот, кога Тиаго морал итно да замине на операција на раката.

Наводно се случила тепачка меѓу двајцата љубовника, а Тиаго го обвинуваат и дека физички ја нападнал Надине, по што доби голем број критики и навреди.

„Тешко ми е поради тоа што се случува. Не можев ниту да замислам дека вакви работи може да ми се случат на мене. Луѓето ме критикуваат и добивам многу навреди секојдневно“, вели Рамос.