Легенда ја откри тајната за среќен живот: Продавам кондоми и често водам љубов

Легендарниот колумбиски фудбалер Фаустино Асприлја уште еднаш потврди колку ужива во пензија, откако ја заврши професионалната кариера во 2004 година.

Асприлја има 52 години и откри дека заработува пари со продажба на кондоми од сопствениот бренд „Тито“.

„Имам фарма, па на колумбиската влада ѝ продавам шеќерна трска. Продавам и кондоми. Имам среќен живот, јас сум Асприлја, водам чист живот без правила, често имам секс затоа што ми е важен во животот“, вели Колумбиецот.