
Хаос во Белград: „Делии“ ги нападнале „Гробари“ по дуелот меѓу Партизан и Будуќност
На социјалните мрежи се појави видео на кое се тврди дека „Делии“ имале судир со „Гробари“ по натпреварот.
Според информациите, „Делии“ на околу 20 мотоцикли ги пресретнале навивачите на Партизан, а потоа ги нападнале со тврди предмети.
Како што пишува во описот на видеото, инцидентот се случил сред мост, а засега нема информации за повредени лица.