ПСЖ остана без важен фудбалер за четвртфиналето во ЛШ

Актуелниот европски шампион ПСЖ во четвртфинале на Лигата на шампиони (ЛШ) ќе настапи без талентираниот Бредли Баркола.

Баркола блесна во четвртфиналето против Челси, но се повредил поради што ќе мора да паузира повеќе недели.

Французинот ги истегнал лигаментите на скочниот зглоб поради кој се очекува да се врати на теренот дури на крајот на април, а тоа значи дека ќе ги пропушти четвртфиналните дуели од ЛШ.

Баркола е во одлична форма и беше стрелец на пет од последните шест натпревари на парижаните.

Фото: PSG/Facebook