„Франс Фудбал“ избра стадиони со најлуда атмосфера - во врвот е белградска „Маракана“

Угледниот фудбалски магазин до Франција, „Франс Фудбал“ објави 30 стадиони на кои има најлуда и најжешка атмосфера и на таа листа не е тешко да се погоди кој култен стадион е убедливо прв, ама во самиот врв има и еден од соседството – белградска „Маракана“, сегашен „Рајко Митиќ“.

Домот на Црвена Звезда, познат по пеколното навивање на навивачите на црвено-белите, се најде на четвртото место веднаш зад „Бомбоњера“ во Буенос Аирес, домот на Бока јуниорс, која со години е посочувана како стадион со најлуда атмосфера, потоа „Енфилд роуд“, домот на Ливерпул и „Сигма Идуна парк“, домот на Борусија Дортмунд.

Меѓу најдобрите десет се и домовите на Селтик, Ривер плејт, Бешикташ, Олимпијакос, Атлетик Билбао, вистинската „Маракана“ во Рио де Жанеиро... Меѓу 30-те стадиони со најлуда атмосфера има уште неколку од Балканов, но ниту еден друг од поранешна Југославија – стадионите на Галата и Фенербахче, како и солунска „Тумба“ на ПАОК.